Категории

Изберете сандаче: Ќе добиете писмо кое ја открива правата вистина за вашиот живот!

Можеби сте скептични кога станува збор за ваквите тестови, но додека не се обидете да решите еден од нив, нема да можете ни да се уверите колку вистина има во нив.

Сандаче 1

Ова сандаче е специфично по тоа што вие веројатно не сте се ни двоумеле кое ќе го изберете. Вие сте некој кој не бега од проблемите, се започнувате од почеток и затоа го избирате бројот 1. Луѓето околу вас мислат дека сте бестрашни, слободни и отворени. Некој кој воопшто не сака да лаже, и не умее да лаже, па и доколку кажете некоја лага – сами се издавате. За вас вистината е број еден и секогаш се заложувате за правда.

Имате силна интуиција и вашето внатрешно претчувство ретко кога ве изневерува. Исто така, кога ќе запознаете некого, вашиот прв впечаток најчесто е и пресуден. Кога станува збор за љубовта, за вас може да се каже дека немате среќа, но од друга страна, многу сте толерантни и никој не умее да простува како вас, а ни да сака!

Сандаче 2

Големи се шансите вие да не сакате да бидете осамени, односно вие сте една дружељубива личност која ги сака пријателите, која знае да дели. Личност која не е себична, која не може сама да се снајде, ни сама да се избори кога ќе наиде на тешки моменти во животот. Вам ви е секогаш потребно некој да ве држи за рака, секогаш да имате некој на чие рамо ќе ја спуштите главата. Тоа не значи дека сте слаба личност, туку едноставно мразите самотија и бегате од истата.

Личностите кои ќе го изберат сандачето број два обично имаат многу животни проблеми и неретко се личности кои долго и често патат. Вие се вбројувате во добрите луѓе, но ја имате таа несреќа да наидете на погрешни  партнери, а тоа е најчеста причина за вашето патење. Тешките денови еден ден навистина ќе бидат позади вас. Само е потребно да бидете трпеливи. Оваа реченица звучи досадно, но секогаш по дождот доаѓа сонцето. И вас ќе ве огрее!

Сандаче 3

Вие живеете и дишете за љубов и ја гледате насекаде околу вас. Но, исто така, вие поради ништо на светот не патите како поради љубовта. Вашето срце секогаш ја избира погрешната личност. Или запознавате некој и ви се чини дека е прекрасен, дека тоа е личноста на вашиот живот и сродна душа, а токму тогаш кога ќе се вљубите, таа личност го покажува вистинското лице. Како да се наоѓате во лавиринт од кој не можете да излезете, а срцето честопати ви е повредено. Освен тоа, за жал, често се случува луѓето кои ги сакате да ви свртат грб.

Вие имате желба и потреба да отпатувате на пуст остров, да бидете сами со своите мисли. Да не може веќе никој да ве повреди, да ве разочара, да ви го скрши срцето. Вие често се обвинувате себеси иако всушност не сте криви. Вашата маана е тврдоглавоста, ќе удирате со главата во ѕид ако е потребно, но само тогаш кога сте во право. Вие сте истрајна и силна личност и вредна за почит. Тоа е и вашата животна парола: Не мора никој да ме сака, но мора да ме почитува!

Сандаче 4

Вие сте личност која верува во своите соништа и која никогаш не се откажува од истите. Вашата моќ на разумот е силна, вашата волја исто така. Не сте од оние личности кои ќе се обидат, па ќе се откажат, ниту пак од оние кои ќе паднат на дното и таму ќе останат. Вие секогаш се борите. Исто така, многу ви е важно мислењето на другите за вас.

Лесно се врзувате за некого, му ги доверувате своите тајни, своите цели и желби и кога ќе помислите дека сте нашле нов најдобар пријател, таа личност ви го врти грбот и си оди. Може да се каже дека премногу им верувате на луѓето и поради тоа најмногу патите. Лековерни сте, но тоа е само поради тоа што немате лоша душа и што се водите со мислата дека доколку вие сте чесни и другите ќе бидат такви кон вас. Кога станува збор за љубовта, доколку веќе ја немате пронајдено, многу бргу ќе пронајдете личност која ќе стане вашата смисла на животот. Некој кој ќе ве сака со целото срце и некој кој ќе дојде за да остане, а не да ве заведе, маѓепса и кога ќе го засакате, да си отиде.

Прегледи:
446
Објавено на:
23.05.2018