Категории

Херој на денот: Погледнете како овој африкански мигрант го спаси животот на малото дете! (ВИДЕО)

Француски орден за храброст, државјанство и работа како пожарникар доби мигрантот Mamoudou Gassama кој на херојски начин спаси четиригодишно дете во Париз.

Gassam изминатиот викенд се качи на фасадата на балконот на четирикатницата во Париз и го спаси детето кое висеше на балконот. Аматерската снимка објавена на социјалните мрежи стана вирален хит и на неа се гледа како младиот африкански мигрант му помага на детето.

Првите овации ги добил од случајните минувачи кои биле сведоци на неговиот херојски чин, а потоа јавно го пофалила и градоначалничката на Париз. Следувал и прием во Елисејската палата каде што добил јавна благодарност и од претседателот Еманул Макрон. Тој најавил дека Gassam ќе добие француско државјанство и дека со орденот за храброст ќе работи како пожарникар.

Gassam го објаснил настанот, велејќи дека откако и пришол на собраната група луѓе пред зградата без размислување тргнал во акција за да го спаси детето. „ Не размислував, бидејќи се работеше за дете на кое му беше потребна помош“, изјавил Gassam.

Прегледи:
522
Објавено на:
30.05.2018