Категории

Како да направите домашно кондензирано млеко? (РЕЦЕПТ)

Кондензираното млеко се добива со испарување на водата од млекото, а најчесто потребни се неколку часови за да се подготви. Сепак, постои начин со кој ова млеко кое одлично одговара при приготвувањето на многу рецепти можете да го направите сами за само 10 минути.

Состојки:

1 чаша млеко во прав
2/3 чаша шеќер
3 лажици путер, на собна темература
малку екстракт од ванила
1/3 чаша врела вода.

Подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и миксирајте ги додека ја добиете посакуваната густина, околу 1 до 2 минути. Ако млекото ви е премногу густо додајте уште врела вода, па миксирајте уште малку.

Кондензирано млеко со варење

Земете еден литар обично млеко и ставете го на шпорет да се вари во широко тенџере. Млекото нека зоврие на висока температура, а потоа намалете ја на најниска додека количината на млекото двојно се намали. Мешајте додека во млекото се пени, а потоа промешајте со лажица повремено.  Ако сакате засладено кондензирано млеко ставете 1 ќесичка ванилин шеќер и околу 200 грама обичен шеќер. Кондензираното млеко може да го користите како основа за многу намази и кремови, а може едноставно да го додадете во утринското кафе кое ќе има многу подобар вкус.

Прегледи:
3512
Објавено на:
30.05.2018