Категории

7 неочекувани причини поради кои може да исчезне страста, а потоа и љубовта

Во последно време не сте расположени за секс, а и кога ќе се случи веќе не уживате како порано. Најверојатно вистината се крие во некоја од овие причини..

Диета

Ако не јадете доволно и секогаш сте гладни, може да се случи да ви се намали и либидото. Со намаленотто внесување на калории во организмот се намалува и енергијата, што може да доведе до намален „апетит“ за сексуални односи.

Недостаток на сон

Доколку спиете помалку од пет часа на ден, доаѓа до намалување на лачење на машкиот полов хормон тестостерон, што води до намалување на сексуалните потреби. Недостиг на сон е одговорен и за намалување на женското либидо.

Пилули за контрацепција

Студија спроведена пред две години ги потврдила сомнежите дека контрацептивните пилули кај жената ја намалуваат желбата за секс.

Прејадување

Доколку сте склони кон прејадување, место за жешки игри во креветот по обилните трпези нема. Имено, внесувањето на намирници кои содржат премногу заситени масти директно влијаат на малиот проток на крв во половите органи.

Стрес

Дури 60% од жените откриле дека заморот и стресот се главните виновници за намалената сексуална желба. Истата причина се спомнува и кај намалената сексуална желба кај мажите.

Депресија

Оваа ментална состојба многу влијае врз либидото на личноста. Дури 70% од испитаниците кои ја искусиле оваа состојба се изјасниле дека депресијата им ја намалила желбата за секс, а утврдено е дека и некои антидепресиви се одговорни за сексуалната дисфункција.

Анемија

Кај жените може да биде вновник за намалена потреба за секс. Решението е во поголемо внесување на железо во организмот.

Прегледи:
590
Објавено на:
14.06.2018