Категории

Знаци кои покажуваат дека сака секс со тебе

Меѓу сигналите на тајната љубов се широката насмевка, долгото гледање во очи, малите допири на прекрстените нозе и стапала свртени кон вас. Личноста која се обидува да ги сокрие чувствувата често се повлекува и нервозно ја стиска облеката, си игра со надлактицата или во рацете помалку нервозно преместува некој предмет.

Ако момчето е навистина заинтереситано, тој се смешка, воспоставува долг контакт со очите, ја поправа облеката, исправено стои или седи, рамената ги вовлекува назад. Ако на лицето на вашата пријателка, додека разговара со вас, секогаш широка насмевка, тоа може да значи дека кон вас чувствува нешто повеќе од пријателство.

Потсвесно се насмевнуваме кога сме возбудени, бидејќи сме во близина на личноста која ни се допаѓа. Жените често послужуваат долг поглед во очи, а нејзината заинтересиранот ќе ја разоткрие со играње со косата кое е последица на желбата да привлече внимание на физичкиот изглед. Секој од овие индицидуални знаци може да биде случајност, но ако ги воочите повеќепати или повеќе знаци, тогаш веројатно личноста е потајно заљубена во вас.

Нишање со нозете не упатува само на нервоза

Ако жената, додека седи, повеќепати ги прекрсти нозете и да ги постави така што стапалата се свртени кон вас, нејзиниот говор на телото значи дека кон вас чувствува длабока потсвесна привлечност. Лесното нишање на нозете дополнително ја истакнува нејзината сензуална природа и симпатиите кои ги чувствува.

Случајните допири се знак на привлечност

Ако вашиот пријател во разговор често ве допира, можно е да е заљњубен во вас, посебно ако покрај тоа постои уште некој од знаците на симпатии. Дури и кога се чини дека е платонски и бенингни, допирите упатуваат на тоа дека привлечност постои. Иницирањето на физичкиот контакт најчесто е знак на физичка привлечност.

Ќе се доближам, морам нешто да ти кажам

Секојпат кога сте во друштво, тој се труди да седи или стои покрај вас. Тоа може да биде показател на неговата потајна желба да биде во ваша близина. Ако во разговорот уште и дискретно се наведнува кон вас, тоа дополнително потенцира дека е сигнал дека го привлекувате и дека чувствува длабока емоционална блискост со вас.

Прегледи:
859
Објавено на:
17.06.2018