Категории

Што открива омилената боја на долна облека за вашиот карактер?

Кога купувате долна облека внимавате на моделот, квалитетот, но дефинитивно и на бојата. Класична црна, страствена црвена, сина или невина бела-  која боја најмногу ја сакате? Погледнете што открива омилената боја на долна облека за вас.

Црна

Не сакате да комплицирате, но многу внимавате на својот стил. Зад својот едноставен избор на долна облека се крие вашата чувствителна страна. Во комуникација со другите вие сте комуникативни и едноставни. Знаете да заведувате, но не се фалите со тоа и не го наметнувате својот сексапил.

Бела

Вие сте интровертна личност и попрво ќе останете дома на вашиот тросед отколку да излезете и да се забавувате во клубовите. Делувате срамежливо и плашливо, но кога ќе се зближите со некого срамежливоста ја снемува. Меѓутоа, мажите мораат навистина да се потрудат за да ја добијат вашата наклонетост.

Розева

Сакате да флертувате и секогаш сте подготвени за забава, а всушност тоа и го сакаат луѓето кај вас. Знаете да бидете и премногу мила и слатка личност- девојка од соништата. Но, поради таа ваша неверојатна радост понекогаш делувате малку расеано.

Црвена

Вие живеете во епицентарот на страста. Се што правите е страствено. Сеедно дали станува збор за пријателство, работа, семејство или љубов- секогаш го давате својот максимум. Поради толкава страст понекогаш заборавате да мислите на себе и на своите потреби.

Сина

Вие сте кул личност, сакате да се опуштите и ретко кога сте нервозни. Позитивното размисување е вашата сила, талентирана сте за лидерски позиции и знаете да преговарате. Приватно знаете да бидете затворени и тешко стекнувате доверба во некого.

Сива

Вие сте супермозокот во вашето друштво и имате решение за секој проблем. Филозофски расправи до полноќ и читање цела ноќ, се дел од вашите омилени активности. Кога станува збор за сексот и љубовта, вие сте прагматична личност.

Виолетова

Лојална кон своите пријатели, а во врските многу верна партнерка. Вашата пожртвуваност и подготвеност за другите го прикажува вашиот карактер. Вие сте најдобра пријателка- онаква каква што секој посакува да има.

Жолта

Вие сте вистинско сонце! Својот оптимизам бргу го пренесувате на луѓето околу вас и секогаш ширите добра волја и позитивни вибрации. Секогаш го гледате доброто во луѓето – тоа понекогаш ве прави наивна личност која лесно може да биде искористена.

Зелена

Рационална личност која цврсто стои со двете нозе на земја. Исто така, вие сте практични и секогаш подготвени за акција. Не се плашите од стресни ситуации – напротив, дури тогаш го покажувате својот вистински карактер. Кога станува збор за чувствата, понекогаш тешко е да ве прочитаат, а вашиот директен пристап неретко ги одбива мажите од вас.

Портокалова

За многу луѓе вие сте вистинска мистерија – понекогаш сте отворена и комуникативна, а понекогаш затворена и таинствена. Вашиот карактер магично ги привлекува мажите.

Шарена 

Честитики: вашето второ име е харизма. Зрачите и ги привлекувате луѓето од својата околина и сите имаат симпатии кон вас. Меѓутоа, понекогаш вашиот отворен, пријателски, комуникативен начин на однесување делува површно.

Прегледи:
562
Објавено на:
19.06.2018