Овен
Вашата тврдоглавост нема да ве направи подобра личност, ниту да ви донесе плус поени кај другите. Потрудете се да го прифатите секој совет, како и секоја критика. Изненадете го партнерот со подготвување на вкусна вечера, тој ќе ви биде благодарен за тоа.
Бик
Сончево време и добра книга се совршен спој за денеска. Искористете го слободниот дел од денот за да се релаксирате читајќи книга и за вашите пријатели. Не запоставувајте ги членовите од вашето семејство, доколку веќе не живеете со нив, повикајте ги на семеен ручек.
Близнаци
Ве очекува караница со вашиот партнер поради некој ваш пријател. Објаснете му на партнерот колку ви значат вашите пријатели, па можеби така ќе успеете да ја смирите ситуацијата. Работите кои се бараат од вас да ги завршите, не оставајте ги за утре.
Рак
Емоциите оставете ги на страна овој ден. Препорачливо ви е да ја заборавите срамежливоста и да го преземете првиот чекор во врска со личноста која ви се допаѓа. Како стимул за подобар ден, нека ви биде вежбањето.