Категории

Дали знаете како се чисти машината за перење алишта?

Решението е едноставно! Машината темелно ја чисти долната облека, но како да ја исчистите неа? Без обзир на тоа колку е квалитетен прашокот за перење и омекнувачот кој го користите, по одредено време таа добива непријатен мирис.

Истурете две шолји вински оцет или сок од лимон во машината и вклучете го циклусот на најјака темпертура за перење. Сите непријатни миризби ќе исчезнат, како и дамките од детерџентот или бигор.