Многупати во животот се запрашуваме која е нашата цел, што сакаме да постигнеме, дали сме среќни со постигнатото? Кога би имале одговор на сите прашања поврзани со себе и своето постоење, тогаш би знаел да одговориме и на прашањето: Која е смислата на животот? Погледнете ги дефинициите токму на оваа тема на докажани и успешни луѓе од различни сфери.
1. „Смислата на животот е она што самите одлучувате да биде. Да се биде жив е смислата“ – Џозеф Кембел
2. „Се што сме, се што правиме од себе, тоа е се што ќе имаме – а токму тоа, во својата длабока едноставност е смислата на животот“ – Филип Еплмен
3. „Нашата примарна цел во животот е да им помагаме на другите. Доколку не можете да им помогнете, тогаш барем не ги повредувајте“ Далај Лама
4. Не постои едно големо космичко правило за се, постои само смислата што самите му ја даваме на животот, индивидуално значење, како индивидуална новела, книга за секоја личност“ – Анаис Нин
5. „Вистинската смисла на животот е да засадиш дрвја, под чии сенки не очекуваш да одмараш“ – Нелсон Хендерсон
6. „Смислата на животот не е едноставно да постоиш, да преживуваш, туку да одиш напред, нагоре, да постигнуваш, да освојуваш“ – Арнолд Шварценегер
7. Сите ние сме тука со причина. Верувам дека дел од причината е фрлањето мали факели кои ќе ги водат луѓето низ темнината“- Вупи Голдберг
8. „Животот треба да биде забавен, среќен и исполнет. Секој од вас нека има таков живвот“ – Џим Хенсон
9. „Сметам дека капацитетот за грижа е нешто што му дава на животот најдлабоко значење“ – Пабло Касалс
10. „Нашата цел не е да бидеме исти, туку да се спознаеме меѓусебно, да научиме да го гледаме другиот и да го почитуваме поради она што е“ – Херман Хесе