Категории

Што кога партнерот ќе ја прекине врската? 5 начини да поминете низ тоа

Секогаш кога една врска ќе заврши, она што го чувствуваме е загуба, вина или очај. Во ваквите моменти кои се одликуваат со својата тежина наидуваме на огромна ранливост и срам. Сето тоа е проследено со незадоволство и гнев.

Независно од тоа, колку и да ве вознемируваат овие моменти, никогаш немојте да ја заборавите вашата големина.

Болката од прекинот е вистинска

Потребно е да сфатите дека вие не ја замислувате болката. И исто како и секоја физичка болка, потребно е таа да се лекува. Сфатете дека вашето срце и ум ќе закрепнат. Неочекуваното раскинување е вознемирувачко, но потребно е да помине некое време за да се приспособите на сите настани кои што ви се случуваат. Времето е најдобриот исцелител.

Вие вредите!

Секогаш после раскинувањето се соочувате со прашања од типот: Што направив? Каде погрешив? Не бев доволно добар/а? Создавате мисли кои ја рушат вашата самопочит. Вие вредите повеќе отколку крајот на една врска. Не секогаш се работи за тоа што правите или што не правите. Карактерите се судираат. На крајот на краиштата, врските се моќни лекции кои носат искуства. Не дозволувајте ова што ви се случува сега со оваа личност да влијае на вас и во она што следи во вашиот живот.

Притиснете го „рестарт“ копчето

Вашиот свет се срушил и нормално е да чувстувате тежина. Но сфатете дека ова е прекрасна можност да започнете нешто ново. Сигурно не сакате да трчате по некого кој не ја препознава вашата величина и вредност. Она што ви е потребно е среќа и напредок. Направете листа на работи што сте сакале да ги направите, а вашиот партнер не сакал. Одете и истражете го она што ви причинува радост. Погрижете се за себе.

Не обидувајте се да поправите нешто на несоодветен начин

Уништувањето од болка остава длабоки траги. Не чекорете по пат кој ќе ве доведе до тоа веднаш да започнете нова врска или да ја лечите вашата болка со алкохол или слатка исхрана. Примери за нешто позитивно од кои можете да извлечете корист се медитацијата, јогата и пешачењето, кои се сосема спротивни од седење и размислување во темнина. Променете го фокусот и ќе се чувствувате подобро.

Сакајте се себеси и светот ќе ја види вашата вредност

Свесни ли сте за љубовта која ја дадовте во таа врска? За оброкот што го подготвувавте со огромна благодарност? Зошто тогаш истото да не го сторите и за себе? Кога ќе почнете да си го давате тој вид на љубов и внимание, светот ќе се отвори за вас. Самите знаете најдобро за себе, повеќе од било кој друг. Сте создале свет за себе и не значи дека тој ќе заврши само ако некој излезе од него. Самољубието не е себично, напротив тоа е најстариот извор на енергија што некогаш ќе ја имате.

Прегледи:
351
Објавено на:
02.07.2018