Најстарата од сестрите Кардашијан, Кортни, откако се раздели од таткото на нејзините три деца, сега е среќна во врска со 25 годишниот Џоунс Бенџима.
Кортни ја покажа сериозноста на нејзината врска патувајќи со своите деца и младиот дечко, кој инаку е поранешен боксер и модел.
Тие заедно патуваат низ Италија, посетувајќи ги монденските градови и уживајќи на луксузната јахта. Ги посетиле Рим и Капри, а сега уживаат во Портофино.
Покрај тоа што нејзиниот млад дечко неминовно го привлекува вниманието, таа воопшто не заостанува зад него. Иако има 39 години и е мајка на три деца, таа не била во подобра форма.