Се чини дека не е само латино дивата Џенифер Лопез талентирана за бизнис. Нејзината 10-годишна ќерка Ема веќе има сериозни планови и идеи.
Имено, како што пренесува порталот Hotnewhiphop, ќерката на пејачката и Марк Антони работи на својата прва книга.
Та веќе ја имала и својата прва деловна средба, за што Џенифер ги извести фановите на Инстаграм:
“Денес е многу посебен ден. Ема и јас одиме на нашата прва средба со издавачот. Многу сме возбудени, денес имаме вкупно три средби”.