Категории

Направете сами: Домашна маска од праски против брчки

Со обзир на тоа дека сега е сезона на праските, зошто да не го искористите ова здраво, вкусно овошје во борбата против брчките?

Во текот на летните денови кожата е изложена на сончеви зраци, кои дополнително ја сушат и со тоа го поттикнуваат настанувањето на брчките. Големиот непријател на свежината и убавината на лицето е многу упорен, па затоа мора да бидете и вие. Спротивставете му се. Негувајте го лицето секојдневно со хидратантни креми, а еднаш или два пати неделно нахранете ја кожата со природна маска.

Направете препарат во домашни услови за само неколку минути. Потребни ви се две средни праски, две капки етерично масло од лаванда, две лажички мед и исто толку маслиново масло. Испасирајте ги исчистените праски и помешајте ги со наведените состојки. Мешајте се додека не добиете компактна смеса, а потоа нанесете ја на лицето кое претходно добро сте го исчистиле.

 

Оставете ја маската да отстои 20 минути и потоа измијте ја со млака вода. Откако ќе ја измиете, нанесете малку маслиново масло, па оставете да делува неколку часа, за да се постигне поголем ефект.