Категории

5 хороскопски знаци со кои никогаш не знаете на што сте

Тие ќе ви делуваат незаинтересирано и ладно дури и кога горат одвнатре. Нивната природа е таква, што ретко или речиси никогаш не ги покажуваат своите чувства. Доколку од нив барате експлозија, ќе се изначекате, но не грижете се тоа не е поради вас, тие се такви по природа.

Водолијата не сака да биде повредена

Тие едноставно не сакаат да ги покажуваат своите емоции бидејќи мислат дека поради тоа ќе делуваат ранливо. Ќе држат дистанца и нема да се отворат и да допуштат светот да види дека не се толку силни колу што сакаат да мислите дека се.

Скорпијата се плаши да не биде издадена

Скорпиите отворањето и покажувањето емоции го поврзуваат со можноста некој да ги издаде, поради што никако не им се исплати да се отворат кон другите. Со избегнувањето на покажување емоции имаат чувство дека се заштитиле од надворешните влијанија.

Девицата е перфекционист, а чувствата не се сложуваат со тоа

Своите чувства и ранливоста ја кријат позади перфекционизмот, иако глумат дека постојано имаат одговор на се, мали се шансите дека некој ќе види колку се ранливи, а честопати се и многу сериозни.

Близнаците сакаат да се чувствуваат сигурни

Не поднесуваат некој да ги смета за ранливи, затоа секогаш се прилагодуваат на луѓето околу нив. Ако ја покажат својата друга страна на личноста, никој нема да ги запознае во потполност, а Близнаците поради тоа се чувствуваат многу посигурни.

Бикот сака да биде недопирлив и се држи до тоа

Биковите ја кријат својата ранливост и чувства со тврдоглавоста, па поради тоа честопати оставаат впечаток дека се многу силни и недопирливи. Вистина е дека тие на тој начин само се заштитуваат бидејќи не умеат да се носат со ранливоста.