Категории

За десерт пригответе вкусни падобранци со чоколаден крем (РЕЦЕПТ)

Направете вкусен десерт по ручекот и изненадете ги најблиските со падобранци приготвени на уникатен начин!

Состојки:

  • 2 белки
  • 2 лажици шеќер
  • 80 гр мелени бадеми
  • 100 гр шеќер во прав
  • 1/2 лажиче нес кафе

Фил:

  • 2 жолчки
  • 3 лажици шеќер
  • 50 гр чоколадо
  • 100 гр путер
  • 50 гр мелени ореви

Подготовка:

Измиксајте ги белките со шеќерот, да се добие цврст шам. Шеќерот во прав измешајте го со бадемите и кафето и додајте го во белките. Убаво измешајте го, да се добие не многу течна смеса. На плех прекриен со хартија, со помош на најлонче на кое сте му го пресекле врвот, истискувајте по малку од смесата. Оставајте простор меѓу нив зашто малку нараснуваат. Сега приклучете ја рерната на 150 степени и кога ќе се загрее ставете го плехот. Печете петнаесетина минути. Оставете ги да се изладат па потоа извадете ги од плехот. За филот, убаво измиксајте ги жолчките со шеќерот па ставете ги на пареа се додека не се добие убав, густ крем (околу десетина минути). Ставете го чоколадото да се растопи и тргнете го да се олади. Потоа измиксајте го со путерот и додајте ги оревите. Филувајте ги и оставете ги во фрижидер некој час пред да ги служите.