Категории

Македонските фудбалски легенди дел од најголемиот спортски настан – „Европска недела на спортот“

Најголемиот спортски настан во Европа – ,,Европската Недела на Спортот”, каде активно се вклучи и Република Македонија, беше повод да се соберат македонските фудбалски легенди и да одиграат ревијален меч.

Домаќин на настанот беше Фудбалската федерација на Македонија, а публиката која беше присутна, можеше да се увери во мајсториите на поранешните репрезентативци. Да се видат толку легенди на едно место е реткост.

Имиња како Драган Мутибариќ, Вујадин Станојковиќ, Кочо Димитровски, Драган Канатларовски, Љупчо Марковски – Калц, Саша Ќириќ, Артим Шаќири, Игор Митревски, Срѓан Захариевски, Драган Веселиновски, Влатко Грозданоски, Светозар Станковски, Неџат Шабани, Горан Георгиевски, Љупчо Кметовски, Томе Пачовски покажаа дека уште ја владеат фудбалската игра, а некои од присутните, искоментира дека слободно и во овие години можат да се носат со помладите генерации.

Во рамките на „Европската недела на спортот“ следуваат уште три големи настани во текот на оваа недела:

  • Масовно скокање на јаже, 25.09.2018, Градски плоштад во 19 часот
  • #BeActive Night, 30+ спортски активности, 29.09.2018, СЦ Борис Трајковским во 17 часот
  • #BeActive Festival, Искачи го Средно Водно и биди дел од Фестивалот, 30.09.2018, Средно Водно во 10 часот.