Категории

Нова опцијана Фејсбук: Како да избришете пратена порака?

Компанијата „Фејсбук“ почна со тестирање на опцијата unsend за апликацијата Месинџер, која ќе им овозможува на корисниците да ги бришат испратените пораки и тие целосно да бидат отстранети од чатот.

Претходно оваа година „Фејсбук“ тајно ги избриша старите пораки кои преку Месинџер ги испратил основачот Марк Закерберг, а тоа беше многу чудно затоа што другите корисници не можат да го направат тоа.

Ако сега избришете порака од инбокс, веќе нема да ја гледате, но таа ќе остане во инбоксот на лицето на кое сте му ја пратиле.

Во април „Фејсбук“ соопшти дека планира да воведе unsend опција за сите корисници, но деталите и датумот за лансирање не беа соопштени. Опцијата unsend ќе биде достапна само одредено време откако корисниците ќе ја испратат пораката.

Прегледи:
357
Објавено на:
16.10.2018