Не сте потполно сигурни дека партнерот ви е верен? Ѕвездите тоа го знаат, бидејќи овие комбинации на хороскопски знаци најчесто се изневеруваат.
Овен и Бик
Овенот и Бикот многу се привлекуваат меѓусебно и на прв поглед тоа е одличен пар. Меѓутоа, огнениот Овен не е ни приближно верен како Бикот. Љубовта постојано ќе биде ставена на тест бидејќи Овенот е склон кон неверства.
Близнаци и Вага
Личностите родени во знаците на Близнаци и Вага со задоволство поминуваат време заедно. Имаат многу сличности, а Вагата ја сака непредвидливата природа на Близнакот. Меѓутоа, Близнаците набргу почнуваат да чувствуваат монотонија и не се верни колку што се личностите родени во знакот на Вага. Многу бргу во нивната врска доаѓа до напнатост и неверство.
Рак и Јарец
Ракот ужива во додворувањето од страна на Јарецот, додека Јарецот се вљубува до уши во емотивниот Рак. Иако на почеток тоа звучи како идеална врска, на Ракот набргу почнува да му станува здодевно. Поради тоа Ракот бара афера.
Лав и Стрелец
Огнените знаци Лав и Стрелец на почетокот се многу заљубени и меѓусебно си даваат големо внимание. Меѓутоа, на Лавот му е потребно постојано внимание кое Стрелецот не може да му го пружи. Затоа, Стрелецот бргу „погодува“ други луѓе. Двата хороскопски знаци не вложуваат доволно потребна енергија во врската и по некое време не се сфаќаат сериозно.
Скорпија и Риби
Овие два хороскопски знаци не се грижат премногу за врската, па не им паѓа тешко да извршат неверство. Бидејќи и двата знаци не се верни, може да бидат во некоја привидна врска.
Водолија и Девица
Водолијата веднаш е привлечена од невиноста со која зрачи Девицата. Но, многу бргу почнува да чувствува потреба да изневерува. Освен тоа, Девицата не може да се носи со спонтаноста на Водолијата, па честопати доаѓа до кавги.