Категории

Изберете ги соодветните обувки за вашето дете со помош на овие совети

Додека при купувањето на облека за деца најмногу се обрнува внимание на моделот и изгледот на парчето, иако секако не треба да се занемари квалитетот и составот, изборот на обувки за вашето дете може да влијае врз неговото целокупно здравје.

Чевлите имаат значителна улога врз рамнотежата и основните функции при движењето на детето кои се дефинираат уште во најраната возраст. Токму поради тоа, несоодветните чевли може да доведат до доживотни здравствени проблеми. 

За да не дојде до некоја несакана последица, следниот пат кога ќе купувате обувки за вашето дете, погрижете се да направите вистински избор.

За да бидете сигурни дека нема да погрешите, Wenice kids Macedonia ви стојат на располагање нудејќи огромен избор на обувки за сите пригоди. Wenice долги години се најдобриот пријател на децата кога станува збор за облеката за деца, нудејќи беспрекорен квалитет за најмладите. Но, покрај најразличните парчиња облека, во Wenice kids Macedonia ќе ги пронајдете совршените патики, чевли, чизмички и топлинки за вашето дете.

Со доаѓањето на есента се зголемува и потребата од квалитетни и топли обувки кои ќе ги грејат децата во зимските денови кои следат. Па затоа, не двоумете се, изберете квалитет, изберете совршено дизајнирани обувки кои ќе му обезбедат на вашето дете удобност, комфор и топлина.

Посетете ги продажните места на Wenice kids Macedonia и тоа: Skopje City Mall (2 кат)Ramstore Mall (1 кат)TC Biser (приземје)Wenice Home кој се наоѓа во населбата Илинден. Исто така Wenice ви нуди можност да купувате и онлајн. Целосната понуда на обувки можете да ја погледнете тука.

Прегледи:
714
Објавено на:
25.10.2018