Категории

Танцовите клубови „Eat the Beat“ и „Break a Leg“ од Скопје се организатори на Европското Првенство и Светските купови

Танцовите клубови „Eat the Beat“ и „Break a Leg“ од Скопје се организатори на Европското Првенство и Светските купови. На овој голем интернационален танц настан ќе има учесници и официјални лица од 22 земји, односно над 900 танчери.

Настанот ќе се одржи во С.Ц. Јане Сандански 7-9.11.2018. Европските првенствo и Светските купови се дел од танцовиот проект наречен “DANCE OFF” кој покрај гореспоменатите првенства на 10ти и 11ти ноември продолжува со Меѓународниот танцов натпревар “DANCE OFF 2018“, каде ќе учествуваат над 3000 натпреварувачи од 17 земји.

Поради огромниот интерес натпреварот покрај С.Ц. Јане Сандански на 11.11.2018 во истовреме ќе се одвива и во Македонската Опера и Балет, односно балетскиот дел од натпреварот. Она што е најпримамливо за танчерите е дека најдобрите 15 перформанси од сите натпреварувачки денови ќе се натпреваруваат на ГАЛА Вечер каде наградниот фонд е 300 000 денари. Гала вечерта ќе се одржи на 11.11.2018 во 21:00 во МОБ.

Прегледи:
967
Објавено на:
02.11.2018