На Вагите најмногу им пречи кога некој им вика или се однесува со непочитување, кога не можат да се искажат, или другиот не се обидува да ги сфати. Незадоволството од сопствениот изглед е една од главните причини за бес.
Овен
Припадниците на овој знак лесно ги нервираат ситници, па редовно губат живци во сообраќајна гужва или чекајќи ред на шалтер. Тогаш стануваа непријатни, а им се испушта и по некоја пцовка. Освен тоа, ги нервираат луѓе кои за своите постапки имаат лоши оправдувања или доколку им се врши притисок на работното место. Нервоза чувствуваат и кога се предолго во затворен простор, или ако не се случува ништо околу нив.
Бик
Брзање, лош вкус кај луѓето, непознавање на социјалните правила на однесување и безобразлукот ги вадат од такт претставниците на овој знак. Ако се долго време без секс, стануваат фрустрирани, а финансиската несигурност ги тера да го истурат бесот врз некого.
Близнаци
Ништо нема толку многу да ги извади од такт како однесувањето на другите. Арогантните и песимистите со ограничени ставови и без смисла за хумор можат навистина да ги разбеснат. Исто така, нема добро да ги поднесат и ситуациите во кои тие мора да премолчат или некој ги прекинува постојано, како и околностите кога тие мора да се прилагодат според другите.
Рак
Припадниците на овој знак стануваат нервозни ако се гладни, ако им е жешко или ладно или пак се неодобно облечени. Провокации од соговорникот, очигледни неправди и неблагодарност од луѓето на кои им помогнале можат да ги разбеснат. Најмногу од сѐ ќе ги погоди фактот дека некој ги заборавил или дека нивното мислење не е важно.
Лав
Лошо се чувствуваат ако некој им ја одземе нивната удобност, доколку се здебелат, доколку мора да работат кога е многу жешко, или пак кога немаат пари за хедонистички уживања. Не им се допаѓаат ни ситуациите кога нивните таленти не доаѓаат до израз, па други делуваат подобри и поспособни од нив.
Девица
Иако се контролираат максимално, припадниците на овој знак сепак ќе го покажат својот бес доколку се наоѓаат сред хаос, неред, или доколку некој им доцни на состанок. Од такт ги вадат луѓе кои секогаш се жалат и кукаат, а денот кога треба да ги платат сметките за нив е ноќен кошмар.
Вага
Припадниците на овој знак најчест се трудат да прикријат дека се лути, освен пред најблиските. Најмногу им пречи доколку некој им вика или се однесува без почитување, или кога другите не се трудат да ги сфатат. Незадоволството со сопствениот изглед е една од главните причини за бес, како и досадата.
Шкорпија
Припадниците на овој знак не треба многу за да се налутат, а за возврат ќе започнат со провокации. Најмногу ги нервираат луѓе кои откако ќе позајмат нешто не го враќаат, луѓе кои за нив шират невистини, или кога ги обвинуваат за нешто што не направиле. Им пречи и кога блиските нешто кријат од нив, а ќе полудат ако некој ги фати во лага.
Стрелец
Во случај на нервоза, припадниците на овој знак се однесуваат непредвидливо, а најчесто пцујат и викаат. Најмногу им пречи ако некои луѓе не кажат отворено што мислат, приговарајќи или обидувајќи се да им го контролираат животот. Лесно се нервираат ако се присилени да бидат дома, доколку ништо не се случува или немаат можност да уживаат во своето хоби.
Јарец
Иако кај припадниците на овој знак фрустрациите долго време се насобираат, откако ќе пукнат не се во состојба со денови да се смират. Најмногу им пречи ако другите се однесуваат несоодветно, мора да бидат во друштво кое не им се допаѓа, луѓето се однесуваат неразумно или ако потрошат повеќе пари отколку што планирале. Не постои ништо што ќе го разлути Јарецот повеќе од недовербата од страна на блиска личност.
Водолија
Припадниците на овој знак лесно се лутат и се склони кон незрело однесување. Нервозни се во ситуации во кои од нив се очекува одредено однесување. па не можат да бидат свои. Најмногу ги нервираат ситуациите во кои се чувствуваат изневерени од својот партнер, член на семејство или пријател.
Риби
На припадниците на овој знак не им пречат околностите и ситуациите толку многу колку однесувањето на други луѓе кои сѐ сфаќаат сериозно. Сарказмот и провокациите кај нив предизвикуваат бес, а посебно се лутат доколку многу се трудат, а луѓето околу нив не го ценат тоа. Најмногу ги нервира желбата за слатки, повиците доцна во ноќта и барањето слободно место за паркирање