Категории

Пред да ги фрлите, ова треба да го направите со корите од бананите

Корите од бананите веднаш ги фрламе во ѓубре, но пред да ги фрлите, еве што можете да направите со нив:

Акни и брчки
Бананата содржи антиоксиданти кои позитивно влијаат врз здравјето на кожата. Исчистете ја кожата со триење со кората, особено иритираните или проблематичните области.

Белење на заби
Чистете ги своите забисо внатрешната страна од кората на бананата секој ден две недели. Со оваа техника забите стануваат побели.

Брадавици
Се верува дека кората од бананите може да го спречуваат појавувањето на брадавиците на кожата.

Растенија
Чистете ги вашите растенија од прашина со кора од банана. Освен што ќе ги исчистите од прашина, ќе добијат и посебен сјај.

Чистење на предмети од кожа
Внатрешната страна на кората од бананата е одлична алатка за чистење на предмети од кожа, како и чевли.

 

 

Прегледи:
494
Објавено на:
14.11.2018