Категории

Марија Спасовска пристигна во Минск и го започна претставувањето на Јуниорскиот Евросонг! (ФОТО)

Се одржа свеченото отворање на 16 издание на Јуниорскиот Евросонг 2018 Минск, Белорусија. Марија Спасовска со македонското знаме во рацете поздравена од евровизиските фанови зачекори по црвениот килим на спектакуларното отворање.

Од утре започнуваат техничките проби. Македонија настапува под реден број 16 на 25.11.18 во недела. Гледајте го директниот пренос на МРТ од 16.00 часот и не заборавајте да гласате online на линковите кои ќе ги споделиме на 23.11 и 24.11. 2018 година.