Категории

Бродот на среќата беше домаќин на вистинска пиратска забава на Сеавус Едукативниот Центар

Минатиот петок, на 30 ноември на Бродот на среќата се одржа доделувањето на дипломи на студентите при академските програми на Сеавус Едукативен Центар и Џолев и уметностите, истовремено посакувајќи им добредојде на новите студенти од учебната 2018/2019 година.

Овој свечен чин предизвика големо внимание поради целосниот концепт и креативната забава под маски во пиратски стил на Бродот на среќата

„Секоја година, ноември месец е посебен за сите нас. Се радуваме на студентите кои ги завршуваат своите 12 месечни студии, им честитаме за остварување на нивната лична мисија и со нетрпение ги чекаме нивните понатамошни успеси кои се наша гордост и постоење.

Од друга страна тука се и новите студенти со кои ја започнуваме дружбата секој 15 октомври во годината и со кои започнуваме нова лична борба за повторно да дојдеме до овој ден и повторно да прославуваме! Оваа година тоа го направивме во вистински пиратски стил!

На Бродот на среќата ги имавме специјалниот гостин Captain Morgan [Tome Stankovski] и DjGoks [Goran Tasevski] кои се погрижија за забавата, Different Photography и Драган Ристовски за фотографиите и сите вие студенти, ментори, тренери, асистенти.. кои ја направивте оваа забава посебна! Честитки и благодарност до сите! “, велат од Сеавус искажувајќи го своето задоволство од успешната година и неверојатната забава под маски.

Целосната галерија од настанот погледнете ја ТУКА.

Прегледи:
1721
Објавено на:
06.12.2018