Категории

Мажите од ова племе се шминкаат и по 3 часа за да им се допаднат на жените! (ФОТО)

Стандардите и критериумите за убавина се различни на сите краишта на светот, освен во номадското племе Водабе, настанато во сахарскиот предел на државата Нигер, каде што жените и девојките ги оценуваат мажите на основа на нивниот изглед.

Кај Водабите акцентот е на убавината. Ако некогаш сте помислиле дека жените поминуваат премногу време шминкајќи се и средувајќи се – размислете уште еднаш, откако ќе прочитате дека мажите во ова племе се облекуваат, спремаат и шминкаат повеќе од 3 часа.

Костимите за специјалниот натпревар за убавина кој се одржува секоја година се подготвуваат 365 денови, а мора да бидат шарени, чисти, убави, со многу аксесоари, а жолтата и сите нијанси на сината боја најмногу доминираат.

Усните и носот кај мажите мора да бидат особено нагласени, а откако ќе се завршат сите процеси тие се подготвени за натпревар. Најпрво парада, па танц, пеење во пустина – сѐ со цел да ги импресионираат жените – кои во овој случај се нивно жири и судии.

Жените бараат најубаво лице, најмаркантни црти, највисок маж и најграциозен. Мора да биде добро облечен со голема насмевка и очи кои сјајат.

Племето Водабе вреднуваат три нешта во животот:

1. Убавина

2. Стока

3. Семејство