Категории

Неколку интересни факти за вегетаријанците

Повеќето луѓе го дефинираат вегетаријанците како луѓе кои не јадат месо, иако ова не е нужно точно. Ова се неколку интересни факти за вегетеријанците.

Питагоријанци

“Вегетаријанец” е всушност нов збор, формиран во 19-ти век. Пред тоа, луѓето го користеле терминот “Питагоријанци”, според Питагора. Питагоријанците не јаделе месо, но не поради здравствени или етички причини. Нивниот избор се должи на ѕбедувањето дека мртвите луѓе се реинкарнираат како животни.

84% вегетеријанци се враќаат на јадење месо во рок од една година

Една третина од вегетаријанците кажале дека повторно почнале да јадат месо откако влегле во врска со некој што јаде месо. Другите се вратиле поради здравствени, финансиски или социјални причини. Сепак, сите поранешни вегетаријанци јаделе помалку месо (отколку пред да станат вегетаријанци).

Постојат различни видови на вегетаријанци, а некои јадат месо

Веганизмот е најстрогата форма на вегетаријанството. Тие не јадат животинско месо. Не користат производи, како мед, млеко и јајца. Исто така, избегнуваат да користат производи како свила, кожа и волна направена од животни.

Лакто-вегетаријанците не јадат месо, но јадат млечни производи, како сирење и млеко.

Ово-вегетаријанците јадат јајца, додека лакто-ово вегетаријанците се хибрид на двете. Тие јадат млечни производи и јајца. Повеќето вегетаријанци спаѓаат под оваа категорија.


Некои вегетаријанци јадат само кенгурско месо

Во Австралија се појави нова група на вегетаријанци наречени “кенгутаријанци“. Тие јадат само месо од кенгур. Тие тврдат дека месото на кенгурите е поздраво и поприродно.

Луѓето генерално стануваат вегетаријанци поради 2 причини

Луѓето генерално стануваат вегетаријанци поради етички или здравствени причини. Етичките вегетаријанци не се грижат дали јадењето месо е корисно или штетно за нив. Тие веруваат дека животните не треба да се користат за храна, бидејќи тие не се во овој свет за да ги задоволат нашите потреби.

Здравствените вегетаријанци се луѓе кои стануваат вегетаријанци поради здравствени причини. Поголемиот дел од времето, тие се заинтересирани само за губење на тежината или за намалување на нивниот холестерол.

Вегетаријанците страдаат од дефицит на витамин Б12

Вегетаријанците можат да ги примаат сите витамини и минерали кои им се потребни со консумирање на растителна исхрана, освен витамин Б12, кој е достапен во месо, риба, јајца и млечни производи.

Прегледи:
589
Објавено на:
13.12.2018