Егзистенцијалната криза доведува до пресвртници во вашиот живот, кога повторно ги преиспитувате вашите убедувања и избори. Во следниот текст откријте како вашиот хороскопски знак се носи со големите пресврти и егзистенцијални кризи.
Овен: Кога овенот се соочува со егзистенцијална криза тој знае дека најдобро за нив е да започнат со процесот на истражување и промени. Ќе се занимаваат со хоби или активности кои ќе ги растеретат. Овен ги прави работите кои претставуваат предизвик за физичкото тело, за да го избегнат прекумерното размислување. За време на егзистенцијална криза, она што на е потребно на овенот е малку забава.
Бик: Бикот се повлекува кога ќе доживее егзистенцијална криза, а потоа се обидува да ги најде одговорите на важните прашања – зошто е на земјата и која е смислата на животот. Што е најважно, биковите сакаат да дознаат кои се главните причини на нивната анксиозност. Бикот се ослободува со напорна работа.
Близнаци: Кога близнаците минуваат низ егзистенцијална криза, тие сметаат дека е исклучително корисно да ги градат и одржуваат своите односи со другите луѓе. Близнаците сакаат да ги испитаат сите аспекти на проблемот и да разговараат со луѓето кои се чувствуваат исто. Со создавање и зајакнување на односите со луѓето, близнаците можат да ја решат својата егзистенцијална криза.
Рак: Наместо да стагнира кога доживува егзистенцијална криза, ракот делува активно и прави сé што може за да создаде радост и мир. Ракот знае дека фокусирањето на позитивноста нема да ги спречи негативните работи да се случуваат, но ова му помага да се чувствува подобро, особено кога прави добро за другите луѓе.
Лав: Кога лавот се соочува со егзистенцијална криза, тој се обидува да биде подобра личност и да не се споредува со другите луѓе, бидејќи со тоа ќе се чувствува полошо. Ќе сфатат дека егзистенцијалните кризи им се случуваат на сите, во одреден момент од животот, и дека не се сами. Лавот искрено ќе го преиспита својот живот и ќе им обрне подеднакво внимание на добрите и лошите работи.
Девица: Кога девицата поминува низ егзистенцијална криза, таа ќе ги бара одговорите. Ќе ги испита сите аспекти на проблемот и ќе зборува со луѓето кои се соочуваат со истите проблеми.
Девицата ќе чита, ќе пребарува текстови на Интернет, ќе гледа видеа, ќе оди на курсеви, духовен аџилак или ќе пронајде ментор кој ќе ѝ помогне да ги реши нејзините проблеми.
Вага: Кога вагата поминува низ егзистенцијална криза, таа има тенденција да размислува за тоа што би направиле нејзините идоли, кога би се нашле во иста позиција, и какви совети би дале. Понекогаш вагите полесно им помагаат на другите отколку на себе си. Ако се обидат да ја согледаат нивната ситуација од туѓа перспектива, можеби ќе знаат како да ги најдат вистинските одговори.
Шкорпија: Најдоброто нешто што шкорпијата може да го направи, кога поминува низ егзистенцијална криза, е ментално чистење и елиминација на негативноста. Шкорпијата создава блокада за да ги спречи негативните влијанија. Се брани со медитација и размислување.
Стрелец: Стрелецот сака да го испита секој дел од својата егзистенцијална криза преку разговор со други луѓе. Откако ќе го сфати изворот на кризата, се одлучува за промени. Тој можеби нема да промени сè во животот, но ќе направи некои големи промени. Стрелецот е склон кон промена на околината. Кога се оддалечува од вообичаените рутини тоа му дава перспектива и му помага да ги организира своите чувства.
Јарец: Кога јарецот поминува низ егзистенцијална криза, неопходно е да не брза и да го согледа проблемот. Тој мора да разбере дали напредува, дали неговите постапки, мисли, одговори и искуства имаат смисла или самиот себе се саботира. Треба да научи што не функционира во неговиот живот, што доведе до оваа криза и да го спречи повторувањето.
Водолија: Кога водолијата доживува егзистенцијална криза, таа често оди во природа каде што може да размислува за себе во изолација. Таа размислува за својот живот и сфаќа дека е одговорна за своите правила и начинот на живот. Единственото нешто што ја спречува да постигне успех е она самата.
Риби: Кога рибите доживуваат егзистенцијална криза, тие се обидуваат да ги идентификуваат, прифатат и да ги изразат работите од кои најмногу се плашат. Најдоброто нешто што можат да го направат е да ја насочат таа енергија во креативност, без оглед на формата на нивното изразување – поезија, сликање, музика.