Категории

Ова се сигурни знаци дека сте подготвени за нова врска

И од љубовта понекогаш ни е потребна пауза, особено после болно раскинување, кога се обидуваме да ги разбереме нашите емоции. Но кога е време да почнеме нешто ново? Ова се неколку сигурни знаци дека сте подготвени за нова врска.

Помислата на поранешниот партнер не предизвикува негативни емоции

Сосема е нормално чувствата, и после раскинувањето на љубовниот однос, да бидат сé уште присутни, да се биде носталгичен за минатите времиња и слично. Меѓутоа, ако надвладуваат негативните емоции, како што се лутина, бес, желба за одмазда и чувство на разочарување, тогаш не сте подготвени за новата врска. Доколку сте смирени и помислата на поранешниот партнер во вас не предизвикува негативни емоции, тогаш сте подготвени да запознете нова врска.

Не се плашите од осаменост

Многу пати луѓето, после раскинувањето, веднаш бараат нова личност за да не се чувствуваат осамено. Меѓутоа, оваа осаменост е скапоцена – ни овозможува да сфатиме што сакаме, да го анализираме искуството, да се посветиме на самите себе и на сè за што порано не сме имале време. Во моментот кога нема да ве вознемирува осаменоста, тогаш ќе бидете подготвени за нови познанства и за нова љубов.

Подготвени сте да дадете љубов

Сите имаме потреба да бидеме сакани и да се чувствуваме сакано. Но, исто така, и потенцијалните партнери ја имаат иста потреба, затоа е важно пред почетокот на новата врска да бидете подготвени да давате љубов, а не само да ја примате.

Прегледи:
479
Објавено на:
16.12.2018