Категории

Три градови во Италија кои треба да ги посетите барем еднаш во животот

Италија е многу романтична и поради тоа е главна дестинација на повеќето парови кои одат на меден месец. Таа е една од најубавите земји кои може да ги посетите во Европа. Освен познатите градови како Милано, Рим и Верона, таа изобилува и со други преубави, а помалку познати градови. Ова се 3 од нив кои го одземаат здивот.

Бергамо

Се наоѓа во Ломбардија покрај Милано и има две седишта. Горниот град во кој може да видите многу интересни објекти и места како Цитадела, Пиаца Векиа, палатата Palaco dela Ragione, Palaco Nuevo, капелата Колеони.

Во овој град се родени бројни истакнати музичари Гаетано Донизети, Пиетро Локатели, Антонио Лоли, Џанлуиџи Тровеси i Џанандреа Гаванцени.

Ферара

Се наоѓа во регијата Емилиа Романија во северна Италија и седиште е на плодно земјоделско подрачје. Град кој настанал во 7. век пред новата ера и е пример за ренесансно уредување на градското население поради кое се наоѓа на листата на УНЕСКО.

Лука

Станува збор за мал град во Тоскана најпознат поради зачуваните ренесансни градски ѕидини. Градот изобилува со бројни цркви, а некои од нив се изградени уште во 8. век. Град полн со заменитости, а познат е и по фестивалот „Luka Samer Festival“ и по фестивалот „Лука комика“ и игрите на еден од најважните светски настани посветени на стрипот.

Прегледи:
393
Објавено на:
21.12.2018