Категории

Како да се одвикнете од кафе?

За многумина, кафето е најважниот дел од домашниот и општествениот живот. Иако е откриено дека овој пијалак носи бројни придобивки, точно е и дека не е сосема здрав, а може да предизвика и несакани ефекти. Еден од нив е зависност. Еве како можете да се одвикнете од кафето!

Чекор по чекор. Постепено одвикнување трае подолго, но симптомите на кризата во овој случај се послаби. Треба постепено да го намалувате количеството на кафето кое го конзумирате, на пример, обидете се да пиете само една чаша дневно, додека целосно не го елиминирате кафето. Зелениот чај, исто така, може да ви помогне како замена за кафе, бидејќи содржи кофеин, но во помала количина. Покрај тоа, зелениот чај содржи природни релаксирачки материи кои ги смируваат мозочните бранови.

Земајте адаптогени. Растенијата, познати како адаптогени, можат да ги ублажат симптомите на одвикнувањето од кофеинот. Меѓу нив се женшен, ѓумбир, ашваганда, афион…
Пијте доволно вода. Кофеинот е диуретик, што значи дека го стимулира ослободувањето на течностите од телото, а дехидрацијата води до потенцијални главоболки. Ако сте одвикнувате од кафе, пожелно е да пиете вода, најмалку 8 чаши дневно.
Редовно вежбање. Намалување на кафето може да предизвика чувство на замор, затоа е неопходно останете физички активни. Ова ќе му даде на телото дополнителна енергија без потреба од кофеин.

Прегледи:
768
Објавено на:
28.12.2018