Категории

Совршенство без маана: Ова е најдобриот сос за тестенини на светот! (РЕЦЕПТ)

Италијанката Марсела Хазан, која живеела во Америка била позната готвачка и писателка, а нејзиниот сос од домат е прогласен за најдобар на светот. Тајната на совршеноста на овој сос за тестенини е едноставноста! Додека многумина ќе посегнат по тегла индустриски сос од некој супермаркет, таа тврдела дека нема потреба за тоа.

Состојки:

  • Домат
  • Кромид
  • Путер и малку сол

Подготовка:

  • Во лонец ставете половина кромид, без сечкање, додадете путер и краток период варете.
  • Додадете пелати домати и гответе на средна температура 45 минути.
  • Марсела тврдела дека кромидот и останатите состојки не треба да ги сечкате. Само ставете ги заедно да се варат и вкусовите да се измешаат.