Категории

Ниските температури воопшто не ги плашат: Полски туристи во јануари се капат во Охридско Езеро!

Иако јануари е еден од најстудените месеци во годината и поголемиот дел од граѓаните се одлучуваат да го поминат во своите домови, туристи од Полска го искористија вчерашниот ден за капење во водите на Охридското Езеро.

Тие влегоа во ладните езерски води на потегот пред хотел „СУ“, околу 15:00 часот. Инаку, Охрид се подготвува за празникот Богојавление-Водици, кога многу луѓе ќе влезат во осветените води на езерото. Температурата на водата деновиве е нешто над 6-тиот степен, а на воздухот околу 3-4 степени.

 

Прегледи:
685
Објавено на:
18.01.2019