Ако сте љубител на принцес крофните, тогаш знаете колку понекогаш е комплицирано да се направи тестото за нив. Освен тоа, треба и да се полнат.
Процесот може да трае со часови. За среќа, пронајдовме рецепт со чија помош ќе ги направите брзо и едноставно.
Состојки за тесто:
Состојки за крем:
- околу 100 грама чоколадо, мармалад, шумско овошје или друг сладок додаток по желба
Подготовка:
- На самиот почеток чоколадото, мармаладот или другиот сладок додаток распоредете го во калап за коцки лед и ставете го во замрзнувач еден час.
- За тоа време, путерот ставете го да се загрее и додадете вода и оставете да проврие.
- Кога водата ќе почне да врие, додадете брашно и добро измешајте, па додадете ги јајцата.
- Секако, не престанувајте да мешате.
- Кога ќе измешате, смесата ставете ја во шприц.
- Извадете ги заледените коцки мармалад или чоколадо, па околу нив нанесете смеса во облик на крофни.
- Запечете ги во врело масло.
- На крај, слободно поминете ги во шеќер во прав!