Категории

Најава на 11 едукативни програми – духовна и интелектуална храна во „Џолев и уметностите“

Школата за уметност и дизајн „Џолев и уметностите“ ја најавува својата 15-та сезона на обуки, курсеви, предавања и работилници.

Оваа пролет предвидени се 11 едукативни програми, интелектуална и духовна храна за сите коишто посакуваат ново хоби, остварување на стари желби или се во потрага по нови креативни предизвици.

Овие обуки, курсеви и предавања коишто започнуваат од 15 март, се од областа на фотографијата, филмот, сликарството, графички и модниот дизајн, психологијата и други.

-Како тим сме мотивирани и возбудени што имаме можност за првпат да ги претставиме програмите: „Курс за пишување филмско сценарио“, „Nude- фотографија“ и „Современа уметност“ под менторство на Никола Кузелов, Владимир Тасевски и Никола Узуновски – изјави Ана Данчевска, маркетинг координатор на „Џолев и уметностите“.

Дополнително од „Џолев и уметностите” најавуваат повик за стипендија насловен како „Образованието е поважно од просек 5.0“ преку кој доделуваат целосна стипендија на средношколци со просек под 3.9.

Како мотив за сите кои сакаат да следат повеќе обуки, предвидени се пакет програми со дополнителни попусти. Повеќе информации за уписите и програмите можете да погледнете на нивната фан-страна на facebook https://www.facebook.com/DjolevAndArts/

Прегледи:
734
Објавено на:
25.02.2019