Категории

Глобалната мултибренд продавница за спортска облека, исхрана и фитнес опрема Polleo Sport започна кампања за поддршка на младите спортисти во Македонија.

Целта на кампањата е да ги мотивира потенцијалните млади таленти преку донирање на бидони и суплементација во исхраната (минерали), кои се од особено значање за хидратација на спортистите во текот на тренажниот процес, со цел да се извлече максимумот од тренингот, како и да се постигнат подобри резултати.

“Суплементацијата во исхраната е од особена важност за секој спортист, како и за рекреативците. Тимот на Polleo Sport е горд што може на ваков начин да помогне во поддршка за развој на спортот во Македонија. Среќни сме што вложуваме во идните генерации – спортисти во Македонија. Polleo Sport инвестира во подигнување на свеста за подобар, здрав и квалитетен начин на живот!” велат од Polleo Sport.

Polleo Sport ги поддржа – Кошаркарскиот клуб ВИБАС, Карате клуб Металург и Боксерски клуб Вели Мумин.

“Каратето е спорт и боречка вештина каде што се користи целото тело и еден од најважните делови е концентрацијата и навремена реакција. Но за да се биде на највисоко ниво не е доволен само напорен тренинг, делот што ја надополнува целата приказна е Polleo Sport и суплементите кои што ни недостасуваа.” вели каратистот Виктор Крстевски.

“Голема благодарност до тимот на Polleo Sport за оваа поддршка во развивањето на боксот во Македонија.” истакна Вели Мумин.

Прегледи:
738
Објавено на:
01.03.2019