Категории

Сексот нѐ прави поубави, дознајте зошто!

Она еуфорично чувство по сексот не е само во вашата глава, туку е видливо и на вашето лице, зрачи од вашата кожа, па дури и ги зголемува вашите гради…

Поголеми гради

Кога сте сексуално активни, брадавиците ви се поизразени бидејќи секогаш кога имате односи тие стануваат покрути, па дури и масното ткиво на градите може малку да изгледа поголемо. Точно она што го сакавте, зар не?

Чиста кожа

Во текот и по сексот кожата добива ендорфин кој има противвоспалително дејство на вашето лице. Или со други зборови, помалку акни. Освен тоа, се зголемува количината на естрогенот, кој добро влијае врз еластичноста на вашата кожа и создава колаген. Повеќе секс значи повеќе сјај и помалку брчки!

Полни усни

Забрзаниот проток на крвта влијае врз вашите усни (кои веројатно сте ги користеле во текот на предиграта) така што изгледаат пополни и порумени.

Бистри очи

Бистар поглед, полно срце! Силниот напад на хормонот окситоцин кој се случува по сексот всушност ви ги прави очите побистри и поотворени.

Румени образи

Сексуалната возбуда го забрзува работењето на срцето, што ја забрзува циркулацијата и ги шири крвните жили. Всушност тоа е целата магија околу таканаречениот феномен „sex blush“. Зошто да тошите руменило кога може само да имате редовен секс?