Цвеќињата се украс на секој дом. Тие пленат со нивната убавина. Меѓутоа, дел од нив се и многу добри прочистувачи на воздухот кои се благодет за домот. Во прилог прочитајте за кои цвеќиња се работи.
1. Areca palma
Ботаничко име: Chrysalidoscarpus Lutescens
Дејство: ги прочистува сите тестирани токсини од просторијата
Предност: многу популарна и лесна за негување
Фенг шуи: листовите кои нежно паѓаат и потсетуваат на бранови ќе ја намалат негативната енергија во домот или канцеларијата.
2. Дамска палма
Ботаничко име: Rapis Excelsa
Дејство: ги прочистува повеќето штетни материи од воздухот во просторијата
Предност: една од најдобрите билки која го прочистува воздухот, а вооедно има и фин изглед и не бара многу внимание.
3. Бамбус палма
Ботаничко име: Chamaedorea Seifrizii
Дејство: ја прочистува просторијата од бензен, формалдехид, трихлороетилен
Предност: на просторијата и дава тропска нота, а е најотпорна на болести од инсекти.
4. „Пластичен“ фикус
Ботаничко име: Ficus Robusta
Дејство: ги отстранува повеќето загадувачи, претежно формалдехиди.
Предност: Може да се одгледува во секакви услови и одличен е за прочистување на токсините од било која просторија.
5. Dracena Janet Craig
Ботаничко име: Dracaena Deremensis Janet Craig
Дејство: прочистува од голем број токсини, пред сѐ трихлороетилен
Предност: има пријатен изглед, а може да се одгледува и во потемни простории. Најдобра е од сите Dracaenas цвеќиња за прочистување на воздухот.