Прашањето дали мажите покрај себе повеќе сакаат бринети или русокоси е актуелно веќе со години. Правени се многу истражувања на оваа тема, па така е следен и машкиот вкус кој низ годиниете се менувал. Најновите истражувања се во прилог на дамите со посветла коса.
Најновото истражување направено во Минесота покажало дека модерните мажи повеќе ги привлекуваат русокосите отколку бринетите.
На учесниците во истражувањето им биле покажувани фотографии од жени со црна, смеѓа и руса коса, со различна должина на косата, а на основа на тие слики било барано од нив да ги проценат годините, карактерот, физичката привлечност и да се изјаснат дали би биле во брак или во врска со жената од фотографијата или не.
Резултатите откриле дека повеќето мажи преферираат русокоси затоа што им се попривлечни, па дури и им изгледаат помладо, во однос на жените со смеѓа и црна коса.
Сепак, кога се работи за одлуката дали со некоја жена би биле во брак или не, победата ја добиле бринетите, затоа што мажите русокосите ги сметаат за „кокети“, што не е особина која би сакале да ја има нивната сопруга.