Категории

Чисти езера и нови катчиња во ЗОО Скопје

Изминатиот период, вработените во Зоолошка градина Скопје, секојдневно работеа на чистење на езерата, како и уредување на нови зелени катчиња.

По повеќе од 13 години беше исчистено големото езеро, а малите езерца добија пролетно чистење по есенската генералка. Беа засадени и преку 200 нови садници- врби, бадеми, лешници, малини како и повеќе видови цвеќиња. Од неделата, посетителите може да уживаат и во новото катче покрај езерото, каде што се наоѓа и Бродот на радоста. Токму тогаш во Зоолошка, имаше рекордни 18 000 посетители, со што е надмината претходната бројка од 12 000 посетители на почетокот на март.

„ЗОО Скопје ќе продолжи со зазеленување и разубавување на просторот за посетителите и животните. Наша цел е да направиме буквално шума во градот и се стремиме да станеме Еко ЗОО парк“- изјави портпаролот на Зоолошка градина Скопје, Тина Мицковска.