Британскиот магазин Post Office објавил листа на најевтините градови во Европа во кои највеќе се исплати да одите за викенд. Најповолни се главниот град на Литванија, Вилнус и српската престолнина Белград.
Критериумите според кои стручњаците ја правеле листата се типичните туристички трошоци – од пијалаци, две вечери за двајца со вино, сместување во хотел со три ѕвезди и превоз.
Во однос на минатата година, Вилнус, Варшава, Москва и Прага се поевтини, а за патување во Венеција и Амстердам ќе мора да подготвите повеќе пари од претходно.
Љубителите на пиво треба да земат в предвид дека пивото во Прага е десет пати поевтино отколку во Осло. Најскапиот град во Европа е главниот град на Исланд – Рејкјавик!
А ова е листата на најевтините градови во Европа:
1. Вилнус
2. Белград
3. Варшава
4. Истанбул
5. Букурешт
6. Порто
7. Рига
8. Братислава
9. Москва
10. Прага