Категории

Жените позади воланот се снаоѓаат еднакво добро или дури и подобро од мажите

Речиси и да нема маж кој нема упатено негативен коментар кон жените кои се позади воланот..

Но, според последното истражување, жените се подобри возачи од мажите- па дури и на автомобилските трки.
Научници од Универзитетот во Мичиген спровеле истражување во кое учествувале жени и мажи и споредиле неколку нивни параметри- отчукувањата на срцето, телесната температура и количината на стрес предизвикана од високите температури.
– Напорот предизвикан од високите температури е најголем причинител на стресот при возењето, а фактот дека кај жените телесната температура е повисока во текот на месечниот циклус не влијае на нивната способност позади воланот.
Погрешна е претпоставката дека тие тогаш се повеќе уморни и потенцијално побавни или дека претставуваат опасност за другите возачи- истакнува David Ferguson, дел од истражувачкиот тим и професионалец кој 15 години ја истражува физиономијата на жените возачи на автомобилските трки.
Тој смета дека по сите истражувања со сигурност може да се тврди дека жените позади воланот се снаоѓаат еднакво добро или дури и подобро од мажите.

Прегледи:
479
Објавено на:
03.05.2019