Среќа е Вардар да е повторно европски шампион!
После напорен натпревар во кој ракометарите на Вардар беа во континуирано водство против Веспрем, сосема заслужено со резултат 27:24 по втор пат Вардар е европски шампион!
Ова е втора европска титула за Вардар, претходно се искачија на покривот на Европа во 2017 година, откако во финалето на Ф4 турнирот во Келн славеа над ПСЖ.