Категории

Направете сок кој ќе го победи заморот во вас! (РЕЦЕПТ)

Намалениот внес на витамини и физичката неактивност се само две причини за замор, а заморот често носи со себе поспаност, малаксаност и недостаток на енергија.

Доколку се чувствувате заморно, сокот од портокали и ленено масло ќе ви помогне брзо да ја вратите енергијата.
Простиот шеќер кој го внесуваме во организмот конзумирајќи десерти е одлично решение за зголемување на енергијата, решение кое трае 15-40 минути.
Долготраен ефект ќе ви озбезбедат токму портокалите во комбинација со ленено масло. Тие се богати со витамин Ц, калциум и фолна киселина, а лененото масло ја успорува елиминацијата на овошните шеќери од крвотокот и на тој начин го осигурува рамномерното создавање на енергија во траење од неколку часа.

Овие намирници исто така ќе ви помогнат во превенција на кардиоваскуларни болести и болести на белите дробови, а неодамнешните истражувања покажуваат дека редовното користење на лененото масло го намалува зголемениот крвен притисок.
Нутриционистите препорачуваат да се користи како додаток во исхраната, но без термичка преработка затоа што високата температура ќе ги уништи сите здрави маснотии во маслото.
Затоа најдобро е да се додаде во салати и супа.

Подготовката на сокот од портокали и ленено масло е многу едноставна.

Состојки:
3 излупени портокали
1 лажица ленено масло
1 децилитар вода

Подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте. Доколку немате блендер, рачно исцедете го сокот од портокалите, а во него додадете масло и вода, па добро промешајте.