Категории

Истражи ја Крива Паланка- поврзи се со природата – Живеј спортски диши чист воздух

Планинарската трансферзала Руен е настан кој што подразбира традиционално искачување на највисокиот врв на Осоговските Планини, врвот Руен. Претставува настан од планинарски и спортско рекреативен карактер кој се одржува секоја година во последниот викенд од месец Јуни, а е во организација на планинарското друштво Руен од Крива Паланка.

Оваа година искачувањето ќе биде на 30 јуни со почеток од 07.30 часот.

Во продолжениe целосната објава од организаторот на настанот:

ПСК „РУЕН” од Крива Паланка – РМ, заедно со ТД „ОСОГОВО” од Ќустендил – РБ ја организираат традиционалната планинарска акција – Искачување на највисокиот врв во Источна Македонија и на Осоговието – Руен – „РУЕН 2019”. Акцијата ќе се одржи на 30.06.2019г. (недела).
Отворањето на средбата на врвот Руен е во 11:00 часот. Поаѓање од Тораница – машинска зграда во 7:30 часот. До врвот Руен – 2.252 м.н.в., колоната се движи во време од 3 часа. Бидејќи движењето е во пограничен реон, колоната е организирана и се оди по упатствата на планинарските водичи.

Вашето учество пријавете го на моб. 077/581-506.

Исхрана од ранец!

Облеката да е прилагодена за пешачење и на дејство од променливи метеоролошки услови – дожд и ветер. Секоја учесник сам си одговара за својата психофизичка подготвеност, или водичот на една определена група, за дотичната група, т.е. родител за свое дете!
Секој учесник со себе потребно е да понесе важечка лична карта или пасош.

 

Оваа публикација е финансирана од страна на Делегацијата на ЕУ во Косово* во рамки на  ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Косово и Северна Македонија