Со голем број активности и пригодни манифестации Општина Крива Паланка, традиционално, и оваа година ќе се приклучи во одбележувањето на 9 Мај, Денот на Европа. Прославата ќе се одвива во два дела и тоа:
Музички хепенинг по повод Денот на Европа ќе се одржи на градски плоштад со почеток во 12,00 часот и
Ликовна работилница под мотото * Европа без граници* која ќе се одржи во градскиот парк во Крива Паланка со почеток во 12,00 часот.
Денот на Европа или Денот на победа против фашизмот, 9-ти Mај е ден кога се одбележува европскиот идентитет и заложбата за заедништво на сите народи на стариот континент. Општина Крива Паланка како источна порта на РС Македонија кон ЕУ, ќе го одбележи европскиот идентитет и заложбата за заедништво на сите народи на стариот континент. Целиот настан ќе се одвива во забавна атмосфера со сликање, песни, музика, рецитали и интерактивно учество на граѓаните на општина Крива Паланка. Затоа ја користам приликата да ги поканам граѓаните на општина Крива Паланка да ни се придружат на 9-ти Мај во 12,00 часот на градскиот плоштад да се збавуваме со богатата културно уметничка програма и другите презентативни и ликовни активности кои истовремено ќе се случуваат на плоштадот, но може и лично, дирекно доколку сакаме да бидеме и дел од интерактвните работилници. Одбележување на Денот на Европа за нас како општина е предизвик и одговорност за афирмација на нашиот идентитет, култура и добрите европски вредности.
Оваа публикација е финансирана од страна на Делегацијата на ЕУ во Косово* во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Косово и Северна Македонија