Категории

Кога станавме толку груби, злобни и бесни на социјалните мрежи?

Низ нашите животи, барем еднаш сме сретнале личност која по наше мислење била груба, лута и ни оставила лош впечаток. Ако вашето минато е барем слично со минатото на другите луѓе, веројатно се шегувале на ваша сметка, ве оговарале, ви викале, ве понижувале, ве заплашувале и ве казнувале неправедно – а вашата реакција на тоа била: ЗОШТО?

 

Зошто се луѓето лути едни на други? Зошто некои луѓе избираат да бидат груби и отровни? Вие, како и поголемиот дел од луѓето ќе речете нешто како – затоа што се лоши луѓе… затоа што се психопати/социопати… тие се злобни…

Да, тие одговори се сосема нормални и вообичаени, меѓутоа, овој поглед на работите е многу ограничен. Тоа се наивни одговори и време да подобро да погледнеме зошто се луѓето лоши.

Што може да се заклучи од лутите, негативни коментари кои секојдневно ги читаме на социјалните мрежи?

Пред сѐ, тоа е поради сложеноста на свеста и претставувањето на агресијата во реалниот свет, како и поради проблемот со самооствареноста, самопочитта. Жештината на агресивните пораки на интернет може да укажува дека на личноста и е тешко да се оствари себеси во општеството во целина или во одредена сфера. Поради тоа започнува да му завидува на оној кој успеал.

Преку девалвацијата на други луѓе честопати се обидуваат да ја одржат сопствената удобност и постоечката рамнотежа. За да не го искусат чувството на болка, разочарување, срам, срам за себе и својот успех, најлесно е да го уништат (барем вербално) објектот покрај кој ги доживуваат такви емоции. Најчесто, лутите коментари во голема мера се „одвод“ за агресијата која се насобрала низ животот!