Категории

Насмевки, убавина и позитивна енергија за роденденот на Олгица, сопственичката на брендот Promoitalia

Тимската работа, професионализмот, постојаното надоградување на знаењето се основните предуслови за создавање успешна компанија и препознатлив бренд. Кога станува збор за атрактивна дејност која привлекува големо внимание, одговорноста, но и конкуренцијата е уште поголема. За да бидеш прв меѓу најдобрите, да создадеш професионален бренд и да обезбедиш лојалност кај тимот, потребно е да поседуваш исклучителни менаџерски вештини, да се вложиш комплетно во својата работа, но најважно од сѐ да си вљубен во она што го правиш.

Да се постигне сето ова и да се одржи и усоврши компанијата низ годините им успева само на малкумина. Брендот Anti Aging Center by Promoitalia е пример за тоа. Олгица Стојимировиќ, сопственичката на првиот центар за убавина од овој вид во Македонија и единствениот носител на брендот Promoitalia на Балканот, создаде препознатлив бренд со помош на тимот составен од професионалци.

„Мој личен предизвик е да создадеме нешто убаво во оваа земја полна со убави жени, кои придаваат големо значење на својот изглед, односно да обезбедиме центар што ќе им овозможи да ја негуваат својата убавина. Ние ќе ја освоиме Македонија со бренд со долга традиција и со загарантирана професионалност и неинванзивни медицински, естетски третмани, како и патентирани технологии, за кои нашите специјалисти имаат добиено специјален тренинг во Милано“, изјави Олгица уште на самите почетоци.

Денес, Anti Aging Center by Promoitalia е првиот синоним кога станува збор за убавината и негата, третманите и најновите техники и услуги во кои може да уживаме. Нудејќи го само најдоброто за своите клиенти, Promoitalia создаде лојални корисници, обзбедувајќи им квалитет, сигурност и многу самодоверба.

 

По повод роденденот на сопственичката, Олгица Стојимировиќ, тимот заедно со неа го прославија овој ден, на најубав начин, заедно со многу изненадувања и многу поводи за славење на успехот, среќата, љубовта и почитувањето кое го имаат едни за други.