Дури и да сте од оние кои никогаш не плачат на филмови, легендарнот филм Хачико без сомневање успеал да измами некоја солза од вашите очи, особено поради фактот дека е создаден врз основа на вистинска приказна. Како симбол на неверојатната поврзаност и лојалност од страна на кучето, во Јапонија постои споменик од него.
Оваа срцепарателна приказна се повторува 94 години подоцна, овој пат во Грција каде што кучето веќе 18 месеци не се помрднува од местото на кое неговиот сопственик го изгуби животот во трагична сообраќајна несреќа.
Останува мистерија како ова куче успеало да стигне до местото каде што се случила несреќата, кое е оддалечено околу 12 км од домот на сопственикот каде што се наоѓало и кучето за време на несреќата. Неговиот сопственик Харис, го изгубил животот на 9. ноември 2017 година, а оттогаш неговото куче живее на местото на несреќата тагувајќи по него.
Трогнати од неверојатната случка, локалните граѓани одлучиле да му изградат дом на тоа место, наместо залудно да се обидуваат да го напушти местото на несреќата. Тие одлучиле да го наречат „грчкиот Хачико“ во чест на познатата Акита.