Категории

Истражување покажало: Најсреќните луѓе живеат според овие принципи!

Некои луѓе едноставно имаат повеќе среќа и ни се чини дека се родени под „среќна ѕвезда“. Која е нивната тајна?

Ричард Вјесман, познат психолог, спровел студија за ова прашање. Тој во својот бестселер “Фактор среќа”, објаснува зошто некои луѓе се среќни, а други не. Резултатите од неговото истражување покажале дека среќата не е некаква магична суперсила. Тоа докажува дека фразата “некои луѓе се раѓаат под среќна ѕвезда” паѓа во водата.

Неговото истражување покажало дека среќните луѓе ја создаваат својата среќа – водејќи се по следниве принципи:

· Секогаш размислуваат позитивно

· Донесуваат добри одлуки, водејќи се по нивната интуиција

· Знаат да ги воочат достапните опции и ги користат на најдобар начин

Они умеат да ни покажат дека среќата е секогаш во наши раце – ако, се разбира, сме подготвени да обрнеме внимание на овие три принципи.

Среќните луѓе никогаш не пропуштаат приликата да разговараат. Тие не се плашат да запознаваат нови луѓе, бидејќи знаат, дека новите луѓе се нови можности, а новите можности се секогаш добри.

Новите можности ги гледаат таму каде што другите не ги забележуваат. Нивната реакција е секогаш позитивна и сите ситуации ги гледаат како нови предизвици.

После секој паѓање, стануваат и продолжуваат да одат посилно.

Прегледи:
517
Објавено на:
24.07.2019