Мртвото море, Морето на смртта и Лотовото море се називите за соленото езеро помеѓу Јордан и Израел чие ниво на солинитет иззнесува дури 33%.
Се наоѓа на Блискиот Исток помеѓу Јордан и Израел и е длабоко околу 400 метри. Температурата на водата на Мртвото море не расте бидејќи околу него владее пустинска клима со температура од 40 степени во летните месеци која доведува до големо испарување, додека од друга страна, дождовите се многу ретки на ова подрачје.
За изненадување, Мртвото море сепак не е најсоленото во светот. Од него посолено е Асалското Езеро во источна Африка со 35% сол и Дон Жуан Понд кој има ниво на солнитет околу 40%.
Поради високото ниво на сол, во оваа вода можат да преживеат само ретки микроорганизми како анаеробни бактерии. Солта и минералите од оваа вода се многу лековити, па поради таа причина честопати го посетуваат личности кои патат од псоријаза и други кожни болести.
Водата е толку густа што оневозможува пливање, а никој не може дури ни да потоне, но тоа не значи дека ова место е потполно безбедно.
Спасувачката служба редовно предупредува да не се пие водата од него, бидејќи поголема количина може да ја поремети рамнотежата на електролитите во телото што може да доведе до престанување на функцијата на некои органи.
Исто така, забрането е и нуркање и скокање во водата за да се избегне контакт со солта во очите.
Уште старите Египќани ја користеле лековитата кал од Мртвото море за да ги балсамираам мумиите.